Процедура за регистрација на возило

03.03.2019

Регистрација на возила

  Управниот дел на сообраќајот спаѓа во делокругот на работата на Одделението за сообраќај. Помеѓу останатото, Одделението за сообраќај ги решава поднесените барања од областа на регистрација на возилата и издавањето на возачките дозволи. Во тие рамки, потребно е да се знае дека при регистрација на возило или издавање на возачка дозвола се поднесуваат одредени писмени докази со кои се докажува исполнетоста на условите пропишани со прописите.


Пооделно, во секоја од постапките, потребно е да се поднесат следните писмени докази:

   1. РЕГИСТРАЦИЈА НА НОВО МОТОРНО ИЛИ ПРИКЛУЧНО ВОЗИЛО

      Барање за регистрација се поднесува лично, до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.
      Покрај личната карта, односно известувањето за распоредување на правното лице, се приложува:
                       
          * фактура за новокупеното возило;                     
          * доказ за регулирани царински  и даночни обврски за возилото, полиса за задолжитено осигурување и докази за подмирени други  давачки при регистрацијата (надоместок за користење на јавните патишта, комунална такса,  административнa таксa и и др.)                       
          * доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија и                      
          * доказ за техничка исправност на возилото.

Доколку возилото технички е исправно, овластените контролори барањето за регистрација на возилото го потпишуваат и заверуваат во делот за извршениот технички преглед и со целокупната документација се упатува на шалтерот за регистрација на моторни и приклучни возила каде што  ќе  издадат сообраќајна дозвола и регистарски таблици за возилото.

ВНИМАВАЈ:  Доказот за техничка исправност на возилото не може да биде постар од 30 дена.
Сообраќајна дозвола чини    200,00 денари
Регистарските таблици      1.200,00  денари

СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА ВАЖИ 1 ГОДИНА
ВНИМАВАЈ: Ако во рок од 30 дена од денот на истекот на важењето на сообраќајната дозвола не се поднесе барање за продолжување на регистрацијата, возилото се брише од евиденцијата на регистрираните возила, а регистарските таблици се одземаат, односно истите му  се враќаат на органот кој возилото го регистрирал.

   2. РЕГИСТРАЦИЈА НА УПОТРЕБУВАНО МОТОРНО ВОЗИЛО НАБАВЕНО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

      Лично се поднесува барање за регистрација на еден од шалтерите во станиците за вршење на технички преглед на моторни возила и приклучни возила или МВР при што треба да се приложи:
          * лична карта, односно известување за распоредување, ако новиот сопственик  на возилото е правно лице;
          * сообраќајна дозвола за возилото, договор за купопродажба склучен со лицето кое фигурира на сообраќајната дозвола  заверен од нотар или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста;
          * доказ за извршена одјава на возилото кај органот кој претходно го регистрирал;
          * ќе се платат пропишаните такси и цената на чинењето на новата сообраќајна дозвола, а ако на возилото му истекнала важноста на регистрацијата, и износите на име технички преглед на возилото, осигурување, надоместоци и други пропишани давачки при регистрација.

НАПОМЕНА:Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не било пререгистрирано, тогаш се приложуваат и договорите за купопродажба на возилото склучени помеѓу сопственикот на возилото запишан во сообраќајната дозвола и сите подоцнежно извршени купопродажби на истото до последниот сопственик.
ВНИМАВАЈ ВАЖНО Е ДА  СЕ ЗНАЕ:
СИТЕ ПРОМЕНИ НА ВОЗИЛОТО ИЛИ ПРОМЕНИ НА ЗАПИШАНИТЕ  ПОДАТОЦИ ВО СООБРАЌАЈНАТА ДОЗВОЛА МОРА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО РОК ОД 15 ДЕНА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ  СПОРЕД ЖИВЕАЛИШТЕТО, ОДНОСНО СЕДИШТЕТО

   3. РЕГИСТРАЦИЈА НА УПОТРЕБУВАНО МОТОРНО ИЛИ ПРИКЛУЧНО ВОЗИЛО НАБАВЕНО ВО СТРАНСТВО

      На еден од шалтерите во станиците за технички преглед на моторни и приклучни возила или МВР лично се поднесува барање за регистрација на употребувано моторно или приклучно возило кое било увезено од странство.
      При тоа се приложува:
          * лична карта, односно известување за распоредување ако возилото е сопственост на правно лице;
          * странска сообраќајна дозвола за возилото и писмен доказ за извршена одјава на возилото во земјата во која предходно било регистирано;
          * договор за купопродажба на возилото или друга соодветна исправа со која  се докажува извршената  промена на сопственоста;
          * доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото;
          * доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија;
          * доказ за техничка исправност на возилото кој не може да биде постар од 30 дена;
          * ќе се платат пропишаните такси и надоместоци, за регистрација на возило како и износот на име цена на чинење на образецот на сообраќајната дозвола и регистарските таблици.

НАПОМЕНА: Доколку возилото повеќе пати било продавано, а не  било пререгистрирано, тогаш ќе се приложат и договорите за купопродажба на возилото извршени помеѓу сопственикот на возилото запишан во странската сообраќајна дозвола и сите подоцнежни сопственици,  до  последниот сопственик.

За пристап до формуларите кликнете на линкот:
https://mvr.gov.mk/upravni-rab/22

Огласи за споредба

    Немате огласи за споредба.
    Најави се
    Корисничко име
    Лозинка
    Ја заборавивте лозинката? Remind